Македоника литера ја објави книгата „Вовед во кинеската култура“

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје ја објави книгата „Вовед во кинеската култура“ од кинеските автори Је Ланг и Џу Лиангџи. Книгата претставува монографско претставување на кинеската култура – од почетоците на кинеската цивилизација и големите пронајдоци на древна Кина до денес.

Во 30 поглавја, и со голем број илустрации, во книгата се објаснуваат класичната филозофија, мудроста и религијата на Кина, креативноста и комуникацијата, уметноста и естетиката, како и нејзините народни обичаи и традиции.

Книгата се фокусира на културниот дух и основните вредности, демонстрирајќи го шармот на кинеската култура со атрактивни описи, како и животните ставови и естетскиот вкус на кинескиот народ и универзалните вредности содржани во кинеската култура.

Темите опфатени во книгата се движат од древните чуда, како што се Забранетиот град, Големиот ѕид, теракотната војска и традиционалните живеалишта на обичните луѓе, па сè до трајните уметнички дела во калиграфијата, сликарството, пејзажното сликарство, градинарство, пекиншката опера, порцеланот.

Автори на книгата се врвни познавачи на кинеската култура. Је Ланг е професор по филозофија и декан на Факултетот за уметности на Универзитетот во Пекинг. Неговите главни дела се однесуваат на историјата на кинеската естетика и естетика во кинеските романи. Џу Лиангџи е професор по филозофија на Универзитетот во Пекинг. Автор е на повеќе дела за кинески уметности.

Овој монографски преглед на кинеската култура е веќе објавен на петнаесетина јазици, односно речиси на сите поголеми јазици во светот. Преводот на македонското издание од англиски јазик е на Елена Саздовска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 44, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 август 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот