Фото: РФМ

Македонија загуби од Хрватска на првата контролка пред ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз ги започна подготовките за Европското првенство, откако во Пореч загуби од Хрватска со 26-23. Нашите ракометари долго време му парираа на домаќинот, но во финишот немаа сили за целосен пресврт.

Селекторот Кирил Лазаров настапи без повредениот Валентин Карасманакис, а во составот беше повикан Никола Маркоски. Отсутен во македонскиот состав беше само голманот Мартин Томовски кој ќе се приклучи на 2 јануари. На другата страна Сигурдсон се одлучи натпреварот да го одигра со благо кажано „втора постава“.

Хрватска имаше предност од 14-11 на полувремето, а иако Македонија во вториот дел неколкупати се приближи, домашниот тим ја задржа контролата до крајот.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Филип Кузмановски со седум гола, додека голманот Никола Митревски запиша 12 одбрани.

До стартот на Европското првенство, Македонија ќе одигра уште три контролни натпревари во Винтертур против Швајцарија, Бахреин и Украина.

Лазаров го скрати списокот за Европското првенство на 21 ракометар

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот