„Ворлд атлас“: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Најсиромашна земја е Молдавија, а на второто место е Косово.

Македонија е рангирана на шестото место на листата најсиромашни земји во Европа, објавува  „WorldAtlas“,врз основа на податоците на Меѓународниот монетарен фонд за БДП по глава на жител според паритетот на куповната моќ.

Најсиромашна земја е Молдавија, а на второто место е Косово.

Во извештајот се вели дека Македонија имала стабилен, но низок економски раст, околу 2% во последните години. Невработеноста се намалила на под 13% до 2024 година, од 30%. Економијата се базира главно на индустрии како што се металургијата, текстилот, автомобилските делови и туризмот, особено во Охрид и во Скопје.

„Економскиот раст е стабилен, но скромен, со просек од околу 2% во последните години. Невработеноста значително се намали, паѓајќи под 13% во 2024 година, откако беше над 30% на почетокот на 2010-тите (сè уште една од највисоките стапки во Европа). Економијата се потпира на секторите за метали, текстил, автомобилски компоненти за европските синџири на снабдување, како и сè повеќе на туризмот во регионот на Охридското Езеро и областа на Скопје“, се вели во извештајот за Македонија.

Според извештајот, Молдавија останува најсиромашната земја во Европа со БДП по глава на жител според ПКМ од околу 19.700 долари. По неа следуваат Косово со околу 20.400 долари по глава на жител, Украина со 21.000 долари, Босна и Херцеговина со 22.800 долари, Македонија со 24.300 долари, Белорусија со 25.500 долари, Албанија со 25.600 долари, Србија со 28.500 долари, Црна Гора со 31.000 долари и Бугарија со 36.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот