струја фото миа

Македонија плаќа најскапа струја во регионот, Албанија ќе ја намалува цената

Со овие цени во 2024 година, Македонија имала најскапа цена на струјата за киловат-час од 6,08 денари, во Албанија е 5,72 денари, во Црна Гора – 5,49, во Србија – 4,81, во БИХ – 4,45 и во Косово – 4,05 денари – пишува во објавата на ТРТ Балкан на Инстаграм

Србија, Црна Гора, Косово и Македонија засега не пријавиле ново поскапување на струјата, објави ТРТ Балкан. Како што веќе пишуваше „Слободен печат“, последното зголемување на сметките за струја на македонските граѓани датира од 18 декември, а се применува од 1 јануари годинава и во просек изнесува помалку од еден процент. РКЕ тогаш објави дека зголемувањето на цените на струјата по блокови ќе се движи од 0,62 до 2,24 проценти или во просек поскапувањето ќе изнесува 0,92 проценти. Евтината струја, исто така, поскапи за минимални 0,9 проценти. Сега, во првиот блок киловат-час се наплаќа 6,58 денари, во вториот блок цената 7,71 денар, во третиот блок 9,57 денари додека во четвртиот блок киловат-час се наплаќа по цена од 20,4 денари.
– Со овие цени во 2024 година, Македонија имала најскапа цена на струјата за киловат-час од 6,08 денари, во Албанија е 5,72 денари, во Црна Гора – 5,49, во Србија – 4,81, во БИХ – 4,45 и во Косово – 4,05 денари – пишува во објавата на ТРТ Балкан на Инстаграм.
Од 1 јануари годинава, струјата во Хрватска поскапи за 3,7 отсто, па така заедно со поскапувањето од 6,5 отсто од 1 октомври 2024, сметките за струја за хрватските граѓани поскапеа за вкупно 10 отсто во период од три месеци. Во Федерацијата Босна и Херцеговина струјата е зголемена за 10,4 отсто за домаќинствата од 1 август 2024, а граѓаните подоцна пријавиле дека добиле сметки дури и повисоки од очекуваното поскапување.

Во Република Српска од почетокот на годинава, струјата за домаќинствата поскапи во просек за 7,9, додека бизнисмените ќе ја плаќаат по цена повисока за 15 отсто. За разлика од претходно споменатите земји, Албанија го најави првото намалување на цената на струјата во 35-годишната историја на земјата. Според новиот систем на цени што го постави РКУ на Албанија, од 1 февруари албанските домаќинства кои трошат до 700 киловат-час ќе плаќаат 0,087 евра за киловат-час, наместо досегашните 0,097 евра. Домаќинствата што трошат повеќе од 700 киловат-час ќе плаќаат по старата цена.

Имајќи предвид дека од вкупно 1.070.000 домаќинства, 95 отсто спаѓаат во опсегот на потрошувачка од 0-700 киловат-час, повеќето семејства ќе имаат пониски сметки за струја, додава ТРТ Балкан.
Според податоците од 3 јануари 2025 година, цените на електричната енергија за крајните корисници варираат од 9,1 центи за киловат-час во Будимпешта до 40,4 центи во Берлин, додека просекот во ЕУ бил 25,5 центи за киловат-час. Најскапи градови за електрична енергија, покрај Берлин, беа Брисел (38,5 евра/kВч), Копенхаген (37,5 евра/kВч), Лондон (36,8 евра/kВч) и Берн (36,4 евра/kВч). Најниски цени на струјата се во Будимпешта (9,1 евра/kВч), Киев (9,8 евра/kВч), Белград (10,5 евра/kВч) и Подгорица (11,1 евра/kВч). Претежно, цените на електричната енергија во главните градови на Централна и Источна Европа беа пониски од просекот на ЕУ, освен во Прага (35,3 евра/kВч), кој беше единствениот град во регионот со цени над просекот на ЕУ, објави Каматица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот