Македонија остана на 68 место на ФИФА листата

ffm.mk

Денеска е објавена најновата ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во која Македонија не напредуваше, ниту назадуваше.

Останавме на 68 место со 1347 поени, зад селекцијата на Албанија (1356), а пред Ел Салвадор (1346).

Овој месец нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Игор Ангеловски ги одиграа своите два последни натпревари од квалификациите за ЕП 2020.

Загубивме од Австрија во Виена со 2:0, а на домашен терен во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје триумфиравме над Израел (1:0).

Следните мечеви кои што ќе ни бидат историски за пласман на наредниот континентален собир, на 26 март 2020 во Скопје во полуфиналето ќе играме против Косово кое пак назадуваше за едно место и е моментно на 115. место со 1174 поени.

Во тој плеј-оф во втората полуфинална пресметка ќе играат Грузија (91 место, 1267 поени) и Белорусија (87 место, 1280 поени).

Во првата „десетка“ имаше само една промена, односно своите позиции си ги променија Хрватска и Португалија.

ФИФА ранг листа

1.Белгија 1765 поени
2.Франција 1733
3.Бразил 1712
4.Англија 1661
5.Уругвај 1645
6.Хрватска 1642
7.Португалија 1639
8.Шпанија 1636
9.аргентина 1623
10.Колумбија 1622

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот