Македонија има европски кадетски вицешампион во таеквондо

фото: Македонска Таеквондо Федерација

Теодор Стојановски од таеквондо клубот Бутел во категорија -49кг во Тирана, Албанија направи голема сензација на официјално кадетско европско првенство во олимписко таеквондо.

Македонскиот таеквондист имаше три доминантни победи над репрезентативци од Кипар, Украина и Британија.

Нашиот натпреварувач во првото коло го совлада Хараламбос Хаџимаврос со победа 2:0 во рунди, потоа во второто коло славеше против Јарослав Вечирко Украина (2:0) и во полуфиналната фаза над Шон Џита Британија (2:0).

Стојановски претрпе пораз во финалето од Нора Бранж, репрезентативецот на Франција (0:2).

Овој релевантен, историски младински успех за македонскиот спорт е права реткост за домашниот спорт. Сребро на официјално европско првенство во олимписки спорт е вистинска насока дека македонското таеквондо го задржува приматот на водечки и најтрофеен домашен спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот