Македонија Ѓ.П и ЦСКА Софија ќе играат пријателски натпревар со една порака – не на насилството!

Maкедонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија по летниот двомеч во Конференциската лига ќе играат и пријателски натпревар во ек на затегнатите односи помеѓу двете дражви.
Натпреварот ќе се игра со една порака – на на насилството. Поради односите на државите бугарски екипи како Пирин од Благоевград кој требаше да игра со ФК Скопје одбија да ги одиграат натпреварите.
“ФК Македонија Ѓорче Петорв како фудбалски клуб, македонски бренд, од секогаш се залага за општенствена одговорност и без национална, етничка, или било каква друга дејност надвор од зелениот терен.
По заедничка иницијативата со фудбалскиот клуб ЦСКА Софија пред почетокот на натпреварот да излеземе во парола, со порака „НЕ ЗА НАСИЛТВО“ и дека политиката треба да биде надвор од фудбалот.
Двата клуба утрешниот натпревар ќе го одиграат во духот на пријателство и градење на фудбалски манири и доблести“, стои во објавата на клубот од Ѓорче.