Македонија е шеста во светот по бројот на странски инвестиции во однос на БДП, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моментално Македонија се наоѓа на шестото место во светот по бројот на странски инвестиции во однос на големината на бруто-домашниот производ и потсети дека Македонија има четврт најголем раст на БДП во Европа, а според Светската туристичка организација на ОН, нашата држава е шеста дестинација во светот што има најголем раст во бројот на туристи, рече тој.

„Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран, зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал се уште постојат такви кои на брутален начин лешинарски се обидуваат да дефокусираат, многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Така и ова ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот на странски инвестиции во светот според БДП, значи да бидеме прецизни, да не оставиме на овој тип на луѓе да го дефокусираат и ова”, вели Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека примарна цел е консолидација на државата за да, како што вели, вистински да се почуствува порастот во инвестициите и бруто-домашниот производ.

-Ценам дека сме во таа состојба на консолидирање и сега е времето да се почне со раст, односно да се почувствува сето она за кое што денеска зборуваме. Затоа велам ако ние имаме раст на платите од 11, 12, 13 проценти на месечно ниво, а инфлација условно кажано во просек од четири проценти, тогаш нето имаме зголемување од седум проценти.

Тој соопшти дека сегашната позитивна разлика на стандардот од седум отсто е значително различна во однос на состојбата изминатите години кога имало просечна инфлација од 15,18,20 проценти, недоволен раст на платите и негативен стандард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот