Македонија денес: 1.197 нови ковид заболени и 9 сомнителни на омикрон

Ковид-центар во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска во статистиката на Институтот за јавно здравје ќе влезат 1197 нови случаи на ковид-19, дознава Слободен печат од свои извори во Институтот.

Инкубацискиот период соодветствува на предновогодишните славења и големата фреквентност во угостителските објекти.

Истовремено, во Институтот не со секвенционирање, туку со друга метода, сомнителни се и се доиспитуваат 9 случаи на ковид-19 кои се од омикрон сојот. Сите се од Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот