„МакеДокс“ почна со обуката на петтата генерација „Докуникулци“

Фотографија: МакеДокс

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ почна со обуката на петтата генерација „Докуникулци“, кои се дел од работилницата за креативен документарен филм.

Првата сесија на работилницата се одржа од 10 до 14 јули на Пониква, а предавач беше монтажерот Мартин Иванов. Во петтата генерација „Докуникулци“ се одбрани 10 средношколци.

– Тоа е прва иницијална сесија на која учесниците се запознаваат првпат меѓу себе и со менторот. На првата средба се запознаваа со основите на документарниот филм и што значи да се снима документарен филм. Сите презентираа свои идеи и преку групна работа се дискутираше за идеите на секој учесник. Учесниците на работилницата имаа по две сесии дневно, а навечер имаа проекции на документарни филмови – објасни Сара Ферро од „МакеДокс“.

Работилницата е распоредена во четири сесии и следните ќе се случуваат во август (8 дена за време на филмскиот фестивал „МакеДокс“ од 17 до 24 август во Скопје) и две есенско-зимски сесии по договор (5-7 дена). Од септември докуникулците ќе почнат да работат на три одбрани идеи за кратки документарни филмови, кои ќе треба да ги завршат до август следната година.

Првата сесија со младите докуникулци се одржа на Пониква

На работилницата, своите знаења и вештини во документаристиката ги споделуваат членови на креативниот тим на „МакеДокс“, ланските докуникулци и филмски пријатели од други земји – докажани докупрофесионалци. Проектот е реализиран со поддршка од Националната фондација за демократија од Вашингтон – НЕД.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 188, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 22-23.7.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот