Мајката на Криси Тајген објави слики и видео од мртвото внуче (вознемирувачка содржина)

Фото: Инстаграм

Популарниот модел Криси Тајген го загуби бебето во петиот месец од бременоста, кое го очекуваше со светски популарниот пејач, Џон Леџенд, а нивните потресни фотографии од болницата го заобиколија целиот свет.

„Шокирани сме и преживуваме болка за каква што само сме слушале, таква каква што никогаш претходно не сме почувствувале. Не успеавме да го запреме крварењето и да му ја дадеме на нашето бебе течноста која му беше повеќе од потребна, и покрај транфузијата. Едноставно не беше доволно. Никогаш претходно не избиравме имиња за нашите деца, се до последниот момент, се додека не ја напуштивме болницата, но, од некоја причина ова мало момче во мојот стомак, започнавме да го викаме Џек. И тој за нас секогаш ќе остане Џек“, напиша Криси во описот на фотографиите кои ги објави па додаде:

„Џек многу силно се трудеше да стане дел од нашето мало семејство и тоа ќе биде така, засекогаш. За нашиот Џек: Жал ми е што првите моменти од животот ти беа исполнети со бројни компликации што едноставно не можевме да ти го пружиме потребниот дом за да би преживеал. Секогаш ќе те сакаме“, стои во потресната објава на Криси.

Во потреното видео кое денес го објави нејзината мајка на Инстаграм, таа се простува од својот починат внук.

На видеото се гледа како мајката на Криси го гледа Џек при што очајнички плаче, додека болничкиот работник и вели: „Можете да го допрете доколку сакате“.

Мајката на Криси се простува од внучето, а во еден момент и го бакнува.

На чувствителните фотографии кои ги сподели таа, таа го држи починатото бебе во рацете.

Фото: Инстаграм

Криси беше хоспитализирана во неделата навечер во Медицинскиот центар „Cedars-Sinai“ во Лос Анџелес поради силно крварење и слаба постелка и оттогаш таа е во болница. За парот ова ќе беше трето дете, покрај синот и ќерката кои им се родија претходно и со кои Криси исто така помина ризични бремености.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот