Мајка-хирург ѝ дозволила на 12-годишната ќерка да дупчи во черепот на пациент во операционата сала
Необичен и шокантен случај е забележан во Австрија – на почетокот на 2024 година, маж со сериозна повреда на главата со која се здобил додека работел во шума, бил итно префрлен во Регионалната болница во Грац. Жената хирург, чие име не е објавено, била на должност кога 33-годишен земјоделски работник бил префрлен во болницата со сериозна траума на главата во јануари 2024 година, откако гранка од дрво му паднала врз главата, пишува „Телеграф“.
Препорачано
Она што ја шокираше јавноста беше фактот дека 12-годишно девојче, ќерка на докторката, наводно учествувало во самата интервенција, што е ретко, речиси нечуено во медицинската пракса. Сега таа негираше дека ѝ дозволила на нејзината 12-годишна ќерка да дупчи во главата на пациентот за време на итна операција, според извештаите.
Во вторникот, на 14 октомври, една година откако инцидентот излезе на виделина, започна судењето против докторката, чие име не е објавено, како што објави австрискиот весник „Кронен цајтунг“.
За време на судскиот процес, беше откриено дека девојчето тој ден ја придружувало мајка си на работа за да научи англиски јазик. Кога слушнала за операцијата и изразила интерес за медицина, прашала дали може да присуствува. Мајката хирург признала на суд: „Дефинитивно беше грешка“, а нејзиниот колега, кој исто така бил присутен, рекол дека бил изненаден од прашањето на девојчето, но не ѝ забранил, што подоцна го опишал како огромна грешка.На малото дете наводно му биле дадени хируршки униформи и таа се приклучила на тимот.
Операцијата што следела била успешна, но настаните во операционата сала предизвикале вистинска бура – судскиот процес против родителите на девојчето го отвори прашањето за етиката, безбедноста и одговорноста во медицината.
Според изјавите, девојчето наводно „ја ставило раката на дупчалката или на нејзината рака“, но докторката тврдела дека таа во секое време имала целосна контрола врз уредот. Сведоците истакнале дека мајката-хирург веќе го завршила својот дел од работата и била зафатена со разговор по телефон за други пациенти, па затоа не видела што всушност прави девојчето.
Овој инцидент предизвика големо внимание од јавноста и етичките комисии ширум светот, бидејќи ретко се случува малолетно дете да учествува во хируршка интервенција.
Судскиот процес е сè уште во тек, а јавноста и медиумите го следат со неверица. Прашањата за родителската одговорност, безбедноста на пациентите и влијанието на „мајчинската гордост“ станаа централни теми на дискусија.
Овој случај предизвика широка дебата за ограничувањата на вклучувањето на децата во професионалните активности и етичките стандарди во медицината.


