Мајка ги истетовирала родендените на своите 7 деца за да не ги заборави: Имам премногу обврски!

кели манчестер
Фото: Принтскрин/TikTok

Не е никаква тајна дека тетоважите се нешто што ќе останат на телото до крајот на животот. Затоа, пред некој да се одлучи на овој храбар чекор, треба добро да размисли. Мајка по име Кели од Манчестер сигурно нема да се покае поради своите тетоважи, бидејќи тие ѝ помагаат да не ги заборава родендените на своите деца.

Кели има седум деца и, како што вели, тешко ѝ е, покрај сите обврски што ги има, да се сети кога на кое дете му е роденден, па затоа одлучила да ги истетовира нивните датуми на раѓање на своето тело.

„Ве молам, не осудувајте ме. Имам премногу обврски и ова беше совршен начин никогаш да не ги заборавам родендените на децата“, го објаснила Кели својот потег.

@kellywardlexoxo

Reply to @kezzalouise23 for my kiddies babes 🥰❤️🥰❤️🥰

♬ original sound – Blend & Create

На социјалната мрежа „ТикТок“ ја следат повеќе од 280.000 следбеници, кои се многу заинтересирани за нејзините тетоважи, па ја замолиле да ги каже сите имиња на децата и нивните датуми.

Кели ги открила имињата на децата, воедно изненадувајќи ги фановите дека во јули прославиле дури три родендени.

„Три родендени славиме во јули и тоа во истата недела. Тоа е напорно, но вреди за нивните насмевки. Планираме уште едно дете и не знам дали би застанале на бројот 8“, споделила мајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот