Мајка ѝ на Кејт Мидлтон е иста како неа, само со 27 години повеќе (ФОТО)

Instagram

Како би изгледала војвотката од Кембриџ за 27 години? Веројатно, како мајка ѝ. Погледнете колку си личат!

Стилот на Кејт Мидлтон многу бргу стана легендарен, уште од кога стана Војвотка од Кембриџ во 2011 година. Додека милиони луѓе се инспирирани од нејзините модни избори, војвотката си има своја лична инспирација, и тоа – во семејството. Станува збор за нејзината мајка, Карол. Многу малку сме слушнале за мајката на Кејт. Којзнае, можеби Мидлтон не го наследила само стилот од неа?

Мама како иснпирација

Модните изгледи на мама Мидлтон и нејзината најстара ќерка имаат многу заедничко. И двете знаат да одберат облека со нежни принтови, палта во боја, чанти и чевли во неутрални нијанси, што додаваат женственост на нивниот изглед. Всушност, Кејт и Керол имаат толку сличен вкус,  што некои од модните парчиња кои ги носат тешко може да се разликуваат.

Дури и помалата сестра на Кејт, Пипа, честопати ја црпи инспирацијата за дотерување од стилот на нејзината мајка. Самоуверен и класичен изглед, кој се потпира на најдобрите етикети. Доколку сè уште не сте забележале, и Кејт и Керол имаат добро дефиниран изглед.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот