Магнетната резонанца што никој не ја објаснува: што се случува со здравјето на Трамп?
Американскиот претседател Доналд Трамп во октомври поминал магнетна резонанца во Медицинскиот центар „Волтер Рид“, но ниту тој ниту Белата куќа не открија кој дел од телото бил прегледан.
Препорачано
Портпаролката Керолин Ливит денеска повторно избегна да наведе конкретности, иако потврди дека скенирањето било дел од вториот медицински преглед на Трамп оваа година.
Во соопштението од Белата куќа е наведено дека резултатите биле разгледани од радиолози и консултанти, кои едногласно процениле дека Трамп е „во одлична физичка состојба“.
Притоа, Ливит нагласи дека скенирањето било рутински дел од контролата, иако магнетната резонанца не е вообичаен сегмент од стандардните физички прегледи.
Трамп претходно само потврди дека резонанцата ја направил на 10 октомври, без да наведе дополнителни детали за причините или наодите.
Белата куќа останува на ставот дека нема ништо необично и дека здравствената состојба на претседателот е стабилна.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


