Фото: илустрација / Rawpixel

Маглата ги откажа вечерните летови

Откажани се вечерните летови од и за Истанбул и Цирих, за Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус за задоцнето полетување и слетување.

Густата магла во скопската котлина и вечерва предизвика откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци.

Според информациите од веб страницата на ТАВ Македонија, откажани се вечерните летови од и за Истанбул и Цирих, за Франкфурт, а дел од останатите летови се со статус за задоцнето полетување и слетување.  Претходно аеродромскиот оператор соопштидека поради маглата во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот денеска напладне, авиокомпаниите откажале 20 лета, пренасочиле еден лет, а до 11 часот слетале авионите од Дортмунд и од Виена. Вчера од 00:00 часот до 18 часот, како што информираа од ТАВ Македонија имало 16 откажани и 11 пренасочени летови, додека три авиони слетале и три авиони полетале после пладне, кога се подобриле временските услови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот