МАФИЈАШКА ПРЕСМЕТКА ВО ЦРНА ГОРА: Убиен еден од лидерите на кланот од Бар (ВИДЕО)

Фото: Принскрин/ Barinfo Tv

Во пресметка која се случи утрово во црногорскиот град Бар, еден маж е повреден, додека друг е убен пред локалот „Савоја“, а полицијата се уште трага по напаѓачот.

Пукањето се случило околу 10.30 часот, пренесоа „Вијести“ од Подгорица, а полицијата информираше дека двајцата се пренесени во болницата во градот.

По настаните, полицијата пронајде и запалено возило и увидот е во тек.

Црногорските медиуми пренесуваат дека ранетиот маж е Велизар Гардашевиќ, а дека убиен е Јован Клишиќ. Тие потсетуваат дека во истиот локал се пукало и во август оваа година, како и дека полицијата тогаш проверувала дали вооружениот маж  тогаш всушност се обидувал да го најде Гардашевиќ.

Убиениот Клишиќ одредени медиуми го означија како еден од лидерите на мафијашкиот клан од Бар. И Велизар Гардашевиќ, кој е ранет во пресметката, исто така ѝ е познат на полицијата и важи за личност која често го прекршувала законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот