Фото: mkd.basketball

Маџари подобар од Чаир 2030 за место погоре на суперлигашката табела

Кошаркарите на Маџари со убедлив настап, особено во првите 20 минути, денеска го совладаа Чаир 2030 со резултат 105:83, својот директен конкурент за место во првата половина во македонската „МТЕЛ“ Супер лига, и се искачи на позиција погоре на табелата по 19 одиграни мечеви.

Домашните кошаркари доминираа во првото полувреме, или 20 минути во кои се стекнаа со голема предност. Имаа убедливо водство (52:34) на полувремето, кое успешно го одбранија во продолжението на мечот. Само во неколку наврати гостите од Чаир успеаја таа висока негатива да ја намалат, но не и да стигнат до шанса за некој резултатски кам-бек.

Пред крајот на третиот период, чаирчани заостануваа 12 поени (60:72), но Луис погоди за три поени во многу важен момент, на преминот кон последната делница, кога Маџари одново имаше комотни (75:50). Уште еднаш, сега во последната четвртина, Чаир 2030 намали на 67:78, но не и успеаја гостите да дојдат, макар и до едноцифрено заостанување, па победата, број 10 остана за домашната екипа.

Армстронг беше најрасположен во редовите на Маџари со 22 поени, а кај Чаир 2030 Билингсли оствари дабл-дабл учинок од 19 поени и 11 скока.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 19. КОЛО

Феникс 2010 – Работнички 83:77
Ангели – Кожув 69:99
Маџари – Чаир 2030 105:83

16.МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.30: МЗТ Скопје Аеродром – Тиквеш Голден Игл
19.00: Пелистер – Гостивар

20.МАРТ (ПЕТОК)

18.00: МКК Куманово – ТФТ

ТАБЕЛА

1. МЗТ Скопје А. 18 17 1 1402:1192 34

2. ТФТ 18 17 2 1548:1329 34

3. Пелистер 18 13 5 1661:1443 31

4. Кожув 19 10 9 1575:1542 29

5. Маџари 19 10 9 1604:1573 29

6. Чаир 2030 19 9 10 1551:1631 28

7. МКК Куманово 18 9 9 1465:1422 27

8. Тиквеш ГИ 18 8 10 1470:1472 26

9. Работнички 19 7 12 1553:1556 26

10. Феникс 2010 19 7 12 1495:1553 26

11. Гостивар 18 4 14 1302:1441 22

12. Ангели 19 1 18 1291:1739 20

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот