Фото: mkd.basketball

Маџари го доби првиот дуел против ТФТ од полуфиналето на плејофот

Во понеделникот во првиот натпревар од полуфиналето на плејофот во македонската „МТЕЛ“ Супер кошаркарска лига, и продолжение од пет минути славеше екипата на Маџари на гости против ТФТ со 84:82 во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје за водство од 1:0 во серијата.

Во првата и историска плејоф победа на Маџари блескаше Грин кој запиша 19 поени, девет асистенции и три скокови, следен од Луис со 18 поени (плус седум скокови и три асистенции), Армстронг забележа 17 поени (пет скокови и две асистенции), додека Савиќ имаше 12 поени и три скокови.

Придонес даде и Хот, кој на осум поени забележа и 13 скокови, додека Димчевски постигна девет поени и 10 скока.

Кај ТФТ, кој двапати се враќаше во натпреварот, големи, но на крајот без ефект, 28 поени имаше Говенс, 19 поени дојдоа од Ташовски (плус по три скока и асистенции). Плус осум поени и 15 скока забележа Гордон, а седум поени и 10 скока оствари Дејвис.

Следниот натпревар од оваа серија во кој екипата на Маџари ќе биде во улога на домаќин, ќе се игра на 12 мај.

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе ја отворат полуфиналната серија со дуелот закажан за 6 мај (среда), од 19.00 часот, во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот