Николас Мадуро / Фото EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

„Мадуризам без Мадуро“: Тајни преговори во Доха ја кроеле иднината на Венецуела

Тајни преговори одржани во Доха, на околу 12.000 километри од Каракас, откриваат дека отстранувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро било внатрешна операција, во која клучна улога одиграла неговата потпретседателка Делси Родригез, објавува британски Телеграф.

Според извештаите, висок член на катарското кралско семејство посредувал меѓу режимот во Каракас и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Иако Мадуро не учествувал директно, разговорите ги воделе Делси Родригез и нејзиниот брат Хорхе, претседател на венецуелското законодавно собрание.

Родригез, според американски извори, се понудила како „поприфатлива“ алтернатива и предложила модел наречен „мадуризам без Мадуро“ – контролирана транзиција што би ја зачувала државната стабилност, а истовремено би овозможила влез на американските нафтени компании во земјата. Доналд Трамп во саботата потврди дека САД ќе ја „водат“ Венецуела преку преодна влада предводена од Родригез.

„Ќе те снајде полошо од Мадуро“: Трамп ѝ се закани на новата лидерка на Венецуела

Поранешниот потпретседател на Колумбија, Франциско Сантос Калдерон, изјави дека Мадуро не бил соборен, туку „предаден“, тврдејќи дека Родригез овозможила негово апсење без значителен отпор. И покрај тоа, таа јавно побара итно ослободување на Мадуро, обидувајќи се да ја зачува политичката рамнотежа дома и да не биде перцепирана како „марионета на САД“.

„Ќе те снајде полошо од Мадуро“: Трамп ѝ се закани на новата лидерка на Венецуела

Делси Родригез, поранешна министерка за надворешни работи, нафта и финансии, важи за прагматична фигура со врски со бизнис-заедницата и енергетскиот сектор. Аналитичарите оценуваат дека таа успеала да придонесе за делумна економска стабилизација по длабоката криза, но предупредуваат дека ја очекува тежок предизвик – да изгради внатрешна коалиција и да го задржи единството во владејачката партија.

ВИДЕО | Како САД го извршија апсењето на Мадуро во Венецуела

Во меѓувреме, САД јасно ставија до знаење дека нивната поддршка ќе зависи од тоа дали преодната влада ќе ги почитува американските интереси, оставајќи отворена можност за понатамошни притисоци доколку тоа не се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот