Мадрид и Рим го молат Брисел: ЕУ помогни ни!

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Ќе се борам до последната капка пот, до послениот грам енергија, да добијам силен европски одговор – изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Шпанија и Италија побараа европска помош во борба против коронавирусот кој се претвори во најтешка криза на европскиот контринент после Втората светска војна, јавува АП.

– Европа мода да покаже способност да одговори. Ќе се борам до последната капка пот, до послениот грам енергија, да добијам силен европски одговор – изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Шпанија, Италија, Франција и шест други членки на ЕУ побараа од Унијата да се подели теретот на европскиот долг, наречен коронабондс, како би можело без проблем да се помогне во борбата против вирусот.Но, таа идеја наиде на отпор од страна на Германија и Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот