Јилпи и Флоси - Фото: Инстаграм

Мачорот Јилпи има 31 година и е кандидат за најстара жива мачка во светот, Флоси го држи актуелниот рекорд

Мачорот Јилпи од Хелсинки, кој има 31 и пол година, е официјално кандидат за титулата најстара жива мачка на светот. Сопственичката Тина Корхонен поднела пријава до Гинисовата книга на рекорди, наведувајќи дека Јилпи е роден на почетокот на 1990-тите години и дека поголемиот дел од животот го поминал како село мачор, поголемиот дел од времето на отворено. Процесот на верификација е комплициран поради сериозна сообраќајна несреќа во која мачорот учествувал, поради што мора дополнително да се потврди неговата возраст и идентитет. Одлуката на Гинис ќе се соопшти во март, пренесува „Еуро њуз“.

Светскиот рекорд за најстара жива мачка моментално го држи британската мачка Флоси, која неодамна го прослави својот 30. роденден, пренесува „Кликс.ба“. Флоси е родена на 29 декември 1995 година и ја освои првата светска титула во 2022 година, кога имаше 26 години и 316 дена. Власничката Вики Грин ја вдомила Флоси преку британската хуманитарна организација „Cats Protection“, откако претходните сопственици починале.

Вики ја опишува Флоси како посебен и верен миленик: „Од почетокот знаев дека Флоси е необична мачка, но не можев да замислам дека ќе споделувам дом со светска рекордерка. Секогаш сакав постари мачки да им обезбедам удобен и мирен живот“.

И покрај годините и одредени здравствени проблеми, Флоси останува игрива и приврзана, со дневна рутина што вклучува игра, редовни оброци и доволно сон.

Иако Јилпи има повеќе години од Флоси, неговото официјално признавање сè уште е во процес. Доколку Гинис ја потврди неговата возраст, Јилпи ќе ја преземе титулата најстара жива мачка во светот, обединувајќи го рекордот со неговата долгогодишна историја како здрав и отпорен мачор кој го преживеал животот на отворено и со многу предизвици.

За споредба, најстара мачка што некогаш живеела е Crème Puff, која живеела повеќе од 38 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот