Луна Џогани откри колку помошници има Цеца во куќата и со кого пораснале Вељко и Анастасија! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Луна Џогани изнесе досега непознати детали од животот на децата на Цеца Ражнатовиќ, Вељко и Анастасија Ражнатовиќ.

Луна во минатото се дружеше со ќерката на Цеца, а пак Вељко беше нејзиното прво момче, но веќе некое време тие немаат апсолутен никаков контакт.

Луна на „задругарите“ раскажуваше за своите поранешни пријатели, а на нивно инсистирање, таа откри детали од нивниот приватен живот.

– Колку домашни помошници има таа – ја прашал Брендон.

– Немаат многу. Имаат четири, пет, кои се менуваат постојано. Вељко и Анастасија пораснаа со нив – рекла Луна.

– Се ожени ли Вељко – прашал Гаги.

– Да, да, свадбата се пренесуваше во живо на Пинк, сега треба и да се породи неговата жена. Синот ќе им се вика Жељко – одговорила Луна.

Погледнете го разговорот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот