Лула го обвини Болсонаро дека стои зад нападот на владините згради

Лула да Силва/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека е сигурен дека неговиот претходник Жаир Болсонаро е „мозокот“ на нападот на владините згради на 8 јануари во главниот град на Бразил.

Лула да Силва додаде дека на овој начин Болсонаро сакал да изврши државен удар.

„Денес сфаќам и го кажувам јасно и гласно: овој граѓанин (поранешниот претседател Болсонаро) го подготви државниот удар“, изјави актуелниот бразилски претседател во интервју за бразилската телевизија „Рете ТВ“.

На 8 јануари, илјадници поддржувачи на Болсонаро, незадоволни од победата на Лула да Силва на претседателските избори изгубени од лидерот на екстремната десница, упаднаа во владините згради во Бразил, во претседателството, Врховниот суд и Конгресот и предизвикаа материјална штета.

Бразилскиот судија одлучи да го вклучи поранешниот лидер, кој на крајот на декември од Бразил замина на Флорида, во истрагата која има за цел да открие кој стои зад овие дејствија.

„Сигурен сум дека Болсонаро е активно вклучен во ова и се обидува сè уште да биде вклучен“. Тие сакаа да го направат овој хаос уште на 1-ви јануари, но сфатија дека нема да можат да го направат тоа бидејќи имаше многу полиција и многу луѓе на улиците“, рече Лула да Силва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот