Луксузен поглед и егзотика: Сузана Гавазова ужива за сите пари
Пејачката Сузана Гавазова замина на егзотично патување со сопругот Јасмин и со тоа ја замени зимата со лето. Таа сподели видео на Инстаграм од луксузната соба со убав поглед во кој ужива наутро.
Препорачано
Сузана и Јасмин се на Малдивите, а пред да се пофали со погледот, Гавазова сподели видео од ноќна забава на плажа. На видеото, таа ја пее „Македонско девојче“, и кажува дека е со друштво од Србија и Бугарија, кои песната ја пеат заедно со неа. Она што привлекува внимание на ова видео, освен песната е деколтето на пејачката.

Гавазова патува често поради нејзините настапи, а друштво секогаш ѝ прави сопругот кој ѝ е најголема поддршка. Неодамна, таа беше во Америка и пееше на настан кој се вика „Струмичка вечер“.
Пејачката неодамна го покажа својот дом во празничен амбиент, објавувајќи слика со сопругот Јасмин и со двете ќерки Емили и Селена. Еден детаљ привлече посебно внимание на оваа слика. Тоа се клавијатурите во едно катче од станот.
Пејачката живее со семејството во Струмица, откако пред неколку години се врати од Шведска каде што претходно живееше. Нејзиниот сопруг, кој е градежен инвеститор направи вила во Дојран со поглед на езеро.
ВИДЕО | Сузана Гавазова го прослави 46. роденден: Најубавата честитка пристигна од нејзините ќерки


