Кој ќе го купи „Лукоил“ во Македонија? Руската централа се договори со потенцијален купувач
Продажбата на „Лукоил интернешнал“, сопственик и на македонскиот огранок на „Лукоил“, е резултат на рестриктивните мерки што некои држави ги воведоа против компанијата и нејзините подружници.
Компанијата „Лукоил“ соопшти дека постигнала договор со „Гунвор груп“ за продажба на целиот свој имот во странство. Во соопштението се наведува дека клучните услови на трансакцијата претходно биле усогласени меѓу двете страни, објави „Ројтерс“.
Препорачано
„Лукоил“ објасни дека ја прифатил понудата на компанијата „Гунвор груп“ за купување на компанијата „Лукоил интернешнал“, со седиште во Австрија, и дека се обврзал да не преговара со други потенцијални купувачи.
Пред потпишување на конечниот договор и исплатата, неопходно е „Гунвор груп“ да добие дозвола од Канцеларијата за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии (ОФАК), која воведе санкции кон „Лукоил“.
„Лукоил“ си оди поради санкциите – руската компанија го продава целиот имот во странство
„Доколку треба, страните планираат да поднесат барање за продолжување на постојната ОФАК лиценца и сите дополнителни лиценци, со цел да се обезбеди непречено работење и банкарско сервисирање до завршување на трансакцијата“, се наведува во соопштението на „Лукоил“.
Продажбата на „Лукоил интернешнал“, сопственик и на македонскиот огранок на „Лукоил“, е резултат на рестриктивните мерки што некои држави ги воведоа против компанијата и нејзините подружници.
„Гунвор груп“ е компанија регистрирана на Кипар, основана во 2000 година од шведскиот милионер Торбјорн Торнквист и рускиот олигарх Генадиј Тимченко, кој подоцна се повлече од сопствеништвото. Компанијата важи за четврти најголем трговец со сурова нафта во светот. Повеќето од нафтата со која тргува доаѓа од Америка, но работи и со нафта од Африка, Азија и Јужна Америка.
Откако беа воведени санкции против Русија поради војната во Украина, „Гунвор“ ја прекина трговијата со руската сурова нафта.
САД воведоа санкции кон „Роснефт“ и „Лукоил“, двете најголеми руски нафтени компании


