Лукашенко се огласи за уапсениот новинар заради кого го киднапираше авионот: Планираше крвав бунт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денес изјави дека опозицискиот блогер Роман Проташевич, чие апсење предизвика меѓународно негодување, планирал да изврши крваво востание во Белорусија, пренесе Тасс.

Проташевич беше ставен на потерница од белоруските власти во ноември, по минатогодишните масовни протести организирани поради контроверзната изборна победа на Александар Лукашенко, објави Ројтерс.

ВИДЕО I Објавено видео од „признание“ на девојката на белорускиот новинар: Софија врти со очите и „рецитира“ што треба да каже

Лукашенко го обвини Западот дека се обидел да го искористи пренасочувањето на авионот на Рајанер за да води хибридна војна против него и рече дека лажно ги прикажал своите постапки во врска со инцидентот.

Тој изјави дека постапил законски и во согласност со сите меѓународни норми, но дека оние кои не му посакауваат добро се обиделе да ја искористат епизодата од авионот за да се обидат да го нарушат неговото владеење.

– Како што предвидовме, оние кои не сакаат добро надвор од земјата и во земјата ги сменија методите за напад на државата – рече Лукашенко во парламентот.

Оние кои не нѝ посакуваат добро, преминаа многу „црвени линии“ и го напуштија здравиот разум и човечкиот морал, истакна претседателот на Белорусија.

Ова е негов прв коментар по присилното слетување на патничкиот авион „Рајанер“, што предизвика меѓународен бес, објави Ројтерс.

Според агенцијата, претседателот на Белорусија нареди принудно слетување на авионот на Рајанер во Минск во неделата, со кој патуваше истакнатиот опозициски блогер Роман Проташевич.

Во извештајот на британската новинска агенција се наведува дека Лукашенко лично наредил авион на белоруското воено воздухопловство да придружува авион на „Рајанер“ до аеродромот во Минск.

Бајден изјави дека САД размислуваат за санкции против Белорусија

Проташевич, кој беше на листата на барани од белоруските власти по минатогодишните масовни протести организирани поради контроверзната изборна победа на Александар Лукашенко, беше уапсен откако авионот слета на аеродромот во Минск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот