Лукашенко го забрани црвено-белото знаме, но Белорусите му пркосат со долна облека на терасите (ФОТО)

Бело-црвено-белото знаме, воведено во 1918 година, кое беше накратко употребено во 90-тите години на минатиот век, сега е симбол на протестите против белорускиот владејачки режим и беше усвоен од опозицијата како знаме на нивното движење.

Во невообичаен чин на пркос на претседателот Александар Лукашенко, Белорусите на своите тераси ставаат разни предмети во боите на предсоветското знаме.

Бело-црвено-белото знаме, воведено во 1918 година, кое беше накратко употребено во 90-тите години на минатиот век, сега е симбол на протестите против белорускиот владејачки режим и беше усвоен од опозицијата како знаме на нивното движење.

Ова знаме можеше да се види за време на протестите во август по претседателските избори, на кои, според официјалните податоци, Александар Лукашенко извојува убедлива победа, но опозицијата тврди дека резултатите биле фалсификувани.

Официјалното знаме на Белорусија е зелено- црвено, а администрацијата на Лукашенко забрани употреба на другото, што доведе до мали акции на бунт кај белорускиот народ.

Во знак на револт, жителите на Белорусија на балконите ставаат градници, гаќи и маици во црвена и бела боја. Кај некои се завеси, некои имаат на прозорците црвено-бело цвеќе, па дури и на протестите, жените носеа фустани во овие бои.

Главниот аргумент на критичарите на ова знаме е фактот дека се користело за време на нацистичката окупација за време на Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот