Лука (19) починал од коронавирус, лекарот во Лондон му рекол да не се грижи: „Имаш само засилен грип“

Фото: МИА

Лука Ди Никола (19) од Лондон починал од последици на коронавирусот, неколку дена откако лекар му рекол дека „нема причина да биде загрижен“.

Лука, родум од Италија, починал во болница во Лондон, откако што на 23 март состојбата драстично му се влошила.

Неговото семејство тврди дека момчето било здраво и полно со сила, како и дека неодамна посетил лекар бидејќи имал симптоми на коронавирусот, но докторот го вратил дома.

– Една недела пред да почине, нашиот Лука имаше температура и кашлица. Ист беше случајот и со мајката на Лука, мојата снаа Клариса. Лука отиде на лекар кој му рекол да пие парацетамол и го вратил дома – тврди тетката на починатото момче за „Ла Република“.

Таа вели дека на Лука на 23 март нагло му се влошила состојбата.

– Тогаш лекарот дојде кај Лука дома и му рече дека нема за што да се грижи, дека е млад, јак, здрав и дека има само засилен грип – тврди неговата тетка.

Лука се жалел на силни болки во градите, по што е префрлен во болница, но тој набрзо ја загубил битката.

Властите потоа во карантин ги ставиле мајката на Лука и нејзиниот партнер, бидејќи имаат симптоми како Лука, а никој од нив се уште не е тестиран, пренесува српски „Телеграф“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот