ВИДЕО | Луѓето во окупираниот град излегоа пред руските војници: „Ова е Украина, одeте си дома!“

На социјалните мрежи денеска се појавија снимки од жителите кои протестираат пред вооружените руски војници/ Фото: Твитер

Руските сили вчера ја презедоа контролата врз градот Бердјанск на брегот на Азовското Море, изјави вчера портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. Во Бердјанск, кој има околу 100.000 жители, има помала поморска база.

На социјалните мрежи денеска се појавија снимки од жителите кои протестираат пред вооружените руски војници.

Демонстрантите извикуваа „Бердјанск е Украина“, „Одете дома“ и ја пееја украинската химна.
Александар Свидло, в.д Градоначалникот на Бердјанск, вчера им се обрати на сограѓаните и ги информираше за руската окупација. Тој не рече дека има жртви, но рече дека градот се соочува со тешки времиња.

„Пред неколку часа бевме сведоци на тешка воена опрема и вооружени војници кои влегуваат во градот и почнаа да напредуваат низ нашиот роден град. Штом дознав, се обидов да ги информирам сите жители на градот дека имаат шанса да се скријат во засолништата“, рече тој во порака до граѓаните.

„Пред извесно време вооружени војници влегоа во зградата на извршниот комитет и се претставија како војници на руската армија, ни рекоа дека сите административни згради се под нивна контрола и дека ја преземаат контролата врз зградата на извршниот комитет“, рече Свидло.

ВО ЖИВО | Продолжува конфликтот меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот