Луѓето чии мајки пушеле цигари за време на бременоста се изложени на поголем ризик од дијабетес

Фото: Pexels/cottonbro studio

Луѓето чии мајки биле пушачи за време на бременоста имаат 22 отсто поголеми шанси да заболат од дијабетес тип 2, покажа истражувањето презентирано на состанокот на епидемиолозите и кардиолозите на Американското здружение за срце, што се одржа во Чикаго.

На истиот состанок беше објавено дека возрасните кои подлегнале на навиката за пушење имаат 35 отсто поголеми шанси да заболат од дијабетес од непушачите.

Резултатите од студијата во оваа област, која опфати 476.000 возрасни лица чии здравствени податоци се добиени од Биобанката на Обединетото Кралство, укажуваат на причинско-последична врска помеѓу потрошувачката на тутун и развојот на дијабетес тип 2, што укажува дека луѓето кои почнале да пушат тутун како адолесцентите се изложени на ризик од овој тип на дијабетес за 57 проценти повеќе од оние кои немаат контакт со никотин.

Еден од авторите на ова истражување, проф. д-р Виктор Венц Зонг вели дека пушачите чии мајки користеле тутун за време на бременоста и кои исто така имаат генетска предиспозиција имаат повеќе од трипати поголеми шанси да развијат дијабетес тип 2 отколку непушачите.

Луѓето кои почнале да пушат кога биле адолесценти на возраст од пет до 14 години се изложени на најголем ризик. Веројатноста овие корисници на тутун да добијат дијабетес подоцна во животот, во споредба со непушачите, е поголема за 639 отсто.

Меѓутоа, оние кои почнале да пушат како адолесценти, доколку се откажат од цигарите имаат здрав начин на живот, пред сѐ соодветна исхрана, и можат значително да ја намалат можноста да заболат од дијабетес, тврди Зонг.

Според достапните статистички и здравствени податоци, 50 милиони млади луѓе на возраст од 13 до 15 години уживаат во цигари или други тутунски производи во светот.

Адолесцентите најмногу пушат во развиените земји во светот, 27,7 отсто од момчињата и 19,4 отсто од девојчињата.

Најголем број тинејџери, 32,5 отсто од нив, пушат во архипелагот Палау во Микронезија, а веднаш потоа следи бројот на млади корисници на тутун во Бугарија и Романија, со по 32 отсто пушачи адолесценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот