Луфтханза откажа 30 летови за Русија, за три пати повеќе летови над Казахстан

Германската авиокомпанија Луфтханза
Авиони на германската авиокомпанија Луфтханза / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека откажала 30 летови за Русија на авиопревозниците Луфтханза, Еуровингс и Аустриан Ерлајнс оваа недела, јави агенцијата Ројтерс.

Луфтханза Карго, исто така, откажа еден лет од Франкфурт до Азија во понеделникот за да го избегне рускиот воздушен простор, се вели во соопштението на групата.

Тројно зголемен бројот на летови над Казахстан

Бројот на летови низ воздушниот простор на Казахстан тројно се зголеми на повеќе од 450 во понеделникот по европските забрани за летови на руските авиокомпании, соопшти казахстанската компанија за воздухопловна навигација Казаеронавигација, пренесува Ројтерс.

Компанијата во соопштението рече дека е подготвена за зголемен обем на работа и дека ќе ги опслужува сите летови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот