Лудите диети на славните: Како слабееле Калас, Бајрон, Кафка…

За убава форма на телото славните биле подготвени сè да направат, а нивните диети, од денешен агол, се многу смешни.

Убавата телесна форма отсекогаш била предизвик, а за до неа да се дојде се практикувале најразлични формули. Некои од нив и навистина функционирале.

Диетата на Кафка

Диетната треска на Викторијанската ера се нарекува флетчеризам. Хорас Флечер, основачот на оваа диета, сугерирал дека за да се симнат килограми секој залок треба да се џкава најмалку 100 пати, а течностите пред да се голтнат да се задржуваат во устата за добро да се помешаат со плунката. Џвакањето е основа на оваа диета која имала дузина следбеници. Поддржувачите на оваа диета организирале вечери на кои со часови бавно се јадело. Меѓу славните, оваа диета ја поддржувал и практикувал писателот Франц Кафка.

 

Диетата на Бајрон

Светот го знае по неговите стихови, но малкумина знаат дека Лорд Бајрон бил голем поддржувач на диетата – гладување. Сметал дека со внесување на исклучително мала количина на храна, поточно со гладување, неговото тело ќе биде здраво а неговиот ум – чист и остар.

Неговиот диетен режим набрзо бил прифатен од голем број луѓе, а изгледал вака – неколку суви бисквити, сода вода, и компири со оцет. Неговите следбеници диетата малку ја прошириле па таа дозволувала подоцна и малку ориз со оцет и зелена салата.

Диетата на Марија Калас

Познатата оперска пејачка Марија Калас сметала дека единствен начин да се загубат многу килограми е со помош на тенија.

Се шпекулира дека самата Калас така ги загубила килограмите, со намерно голтање на тенија, црв кој паразитира во дигестивниот систем. Ова диетно лудило благодарение на славната пејачка брзо станало популарно па на пазарот се појавиле различни апчиња за слабеење кои содржеле тенија.

Чудотворно апче

„Чудотворното апче ” од 1890-те години, гарантирало брзо слабеење. Било направено од естракт на неколку тревки со високи лаксативни својства. Апчето навистина делувало бидејќи екстремно го забрзувало метаболизмот, но набрзо се докажало дека не е здраво, а често предизвикувало диареја.

Сапун за слабеење

Сапунот за слабеење е веројатно еден од најчудните начини за губење на килограми. Се појавил во 1900-те години и гарантирал дека едноставно ќе ја исплакнете од себе дебелината и маснотиите.

„Делува магично“, пишувало на рекламата на сапунот за слабеење.

Лаки Страјк диета

Во 1920-те години, пред да знаеме сите дека цигарите се штетни за здравјето, производителот на цигарите Лаки Страјк ја лансира кампањата „Фатете се за Лаки наместо за слатко“.

Ремен со вибрации

Ременот кој вибрира и на тој начин вашето тело вежба, беше суперпопуларен многу долг период – од 40-те до 70-те години. Дури подоцна се сфати дека оваа машина е апсолутно бескорисна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот