ЛШ: Познат составот на Еурофарм Пелистер за денешниот дуел со ГОГ
Тренерот на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер за денешниот натпревар (20.45 часот) од третото коло во ЕХФ Лигата на шампионите против ГОГ од Данска се одлучи за следните 16 играчи:
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Митревски, Манасков, Цехте, Хакбарт, Тајник, Езелдин, Хенигман, Радивојевиќ, Кузмановски, Калајџиески, Хеидарирад, Атанасијевиќ, Пешевски, Хосни.
Актуелниот македонски првак пред полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се обиде да стигне до втората победа во групната фаза.
– Се подготвуваме максимално. Играме против млада екипа која што игра скандинавски ракомет. Сме се соочиле со такви екипи, и сме минувале и добро и лошо. Ќе го дадеме нашиот максимум, како што беше на натпреварите со Загреб и ПСЖ. Сакаме да извојуваме победа и да ги израдуваме нашите фанови особено „Чкембари“ кои што слават роденден од 40 години. Сите веруваме во чуда и на натпреварите даваме по 200% и секогаш ќе се бориме до крај – до последните минути – рече левото крило на пелистерци, Петар Атанасијевиќ.
Шпанците Андреа Марин и Игнасио Гарсија ќе ја делат правдата на дуелот Еурофарм Пелистер – ГОГ.


