Лотарија за сите кои се вакцинираат, главна награда – автомобил!

epa09163115 Kyrgyz health workers prepare doses of the Russian Sputnik V vaccine, at the Family Medicine Center No. 6, in Bishkek, Kyrgyzstan, 27 April 2021. The Kyrgyz authorities received 20,000 doses of the Sputnik V Covid-19 vaccines as assistance from Russia. EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека ќе воведе лотарија на која наградата ќе биде освојување на автомобил со цел да ги охрабри скептиците да бидат вакцинирани против коронавирусот во Русија, која се соочува со растечки нов бран на инфекции.

Поради големиот пораст на заразени со коронавирусот, Собјанин објави дека деновите од 15 до 19 јуни ќе бидат неработни денови и дека до 20 јуни сите барови, ресторани и други места ќе бидат ќе се затвораат најкасно до 23 часот.

Секоја недела ќе бидат достапни пет автомобили во вредност од по еден милион руби (11.500 евра), беше наведено.

– Сепак, се разбира, главната награда за лице кое ќе одлучи да се вакцинира е неспоредливо со кој било автомобил – рече Собјанин и рече дека главната награда е нивното сопствено здравје и духовна рамнотежа.

Собјанин нареди затворање на детски игралишта во близина на трговски центри и паркови до 20 јуни и ги повика вработените да работат од дома кога е можно, и забрани служење во ресторани од 23 до 6 часот наутро

Русија во неделата потврди нови 14.723 случаи на коронавирус, од кои 7.704 во Москва, главниот град, што е најголемото жариште на пандемијата во таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот