Лоша вест за Скорпиите: Овие 5 хороскопски знаци се „најнапалени“

Фото: Профимедиа

Британскиот продавач на секс-играчки Lovehoney ја анализирал продажбата од јануари 2020 до декември 2021 година за да открие кој потрошил најмногу на сексуални играчки.

Исто така, разговарале и со познатиот астролог Инбал Хонигман за да откријат што го покренува секој знак. Излегува дека најсексапилен ѕвезден знак е Ракот, со 11 милиони фунти на секс-играчки, пишува „Дејли стар“.

Го следат Бикот, Близнаците, Овенот и Лавот, кои се исто така меѓу петте најсекси знаци.

Што се однесува до знаците на дното на листата – тоа се Скорпија и Стрелец.

Еве повеќе информации за петте знаци кои трошат најмногу пари на секс-играчки…

Рак

Инбал рекла: „За луѓето родени во знакот Рак, допирањето на кожата на друго суштество е речиси духовно искуство“.

– Се чувствуваат живи и возбудени кога партнерот не може да ги држи рацете подалеку од нив. Тие се физички знак и имаат потреба од човечки допир, дури и ако тој човечки допир е нивна десна рака – објаснила Инбал.

Сексуално најмногу им одговара Бик.

Бик

– Бикот сака допир кожа со кожа; телесните задоволства и исполнетите желби се голем дел од односите што ги имаат со партнерите – вели Инбал.

– Се чувствуваат згрижено и обожавано кога некој ги прегрнува и гали. Нивната сексуалност е елегантна како и самите тие – додава таа за „Дејли стар“.

Сексуално најмногу им одговара Рак.

Близнаци

Близнаците се насочени кон експериментирање во сексот со различни луѓе, според Инбал.

– Потребна им е постојана низа на поттикнувачки опции и сакаат сѐ што е ново, свежо и интересно. Тие се чувствуваат возбудено и живо кога се вклучени во нови и неочекувани сексуални практики – рекла таа.

Сексуално најмногу им одговара Стрелец.

Овен

– Во сексуалната арена овој знак е исполнет со сирова страст – вели астрологот.

– Најсреќно и најживо се чувствуваат кога се возбудени, па затоа најчесто го сметаат нивниот сексуален живот за централен дел од нивното животно искуство, без разлика дали се сингл или имаат партнер – вели Инбал.

Скорпијата најмногу им одговара сексуално.

Лав

За Лавовите сексуалниот чин не е само физичка, туку и ментална активност.

– Се чувствуваат ценети кога партнерот го става нивното задоволство на прво место и прави сѐ што може да ги возбуди – тврди Инбал.

– Луѓето родени во знакот Лав се лидери, а не следбеници и со задоволство го одредуваат тонот во спалната соба – додава таа.

Сексуално најмногу им одговараат Рибите.

Список на „најнапалени“ знаци според тоа колку трошат на сексуални играчки:

– Рак
– Бик
– Близнаци
– Овен
– Лав
– Девица
– Вага
– Риба
– Водолија
– Јарец
– Стрелец
– Скорпија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот