Локвенец: Нотиран е нашиот напредок во сите области, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го признаваат тоа

СДСМ покажа дека има визија и дека знае да обезбеди стабилна, безбедна и просперитетна иднина. Изминативе три години донесовме тешки, паметни и храбри одлуки, со кои ги отворивме перспективите кон ЕУ и НАТО, рече на деншната прес-конференција Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

-Денес сме извесна 30 земја членка на НАТО Алијансата, најмоќниот сојуз на светот. Тоа освен што значи безбедност и стабилност, носи и повеќе пари за граѓаните. Само за една година, откако ја добивме поканата за членство во НАТО, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300 отсто во споредба со оној од 2017 година. Довербата во македонската економија е вратена, а тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.

Членството во НАТО за нашата земја, вели Локвенец, отвора и други можности.

-Веќе од оваа година се отвора пазар вреден 4 милијарди евра годишно  за нашите компании. Агенциите на НАТО за услуги, набавки, информатика и комуникации стануваат достапни за сите македонски компании да конкурираат и да ги пласираат нашите домашни производи. Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев го отворија и патот на Република Северна Македонија кон Европската унија. Денес сме чекор поблиску до почеток на преговори со Унијата. Последниот Извештај на  Европската комисија потврдува дека сме на правиот пат. Нотиран е нашиот напредок во сите области: во правосудството,  во борбата против корупцијата, во реформата на безбедносните служби и реформата на јавната администрација- рече Локвенец.

Тоа го признаваат сите, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против, вели Локвенец.

-Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и уназадување, ние за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред. До толку се против напредокот, што и Извештајот на Европската комисија Мицкоски го прогласи за лажни вести. Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, а што не е. Затоа се осамени во матрицата на деструкција, блокади и изолација и затоа ќе изгубат на 12 април. Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, докажавме дека со СДСМ НАТО и Европската унија се реалност- вели Локвенец.

Сега е важно да продолжиме напред, потенцира тој, уште посилно и уште подобро, и на следните избори да избереме Парламент и потоа Влада кои стабилно ќе ја раководат државата кон сигурна иднина.

СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата, заклучи Локвенец, имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот