Љубовта на Констанца и Оскар Вајлд: Нескротливиот поет ја оставил за да биде со маж

Фото: Profimedia

На крајот на 19. век, Лондон бил град во кој со големо одобрување се гледало на општествениот напредок, уметноста, човековата слобода и еманципацијата на жените. Голем број креативни луѓе се собирале околу социјалната група „Естетикс“, која се залагала за укинување на рестриктивната викторијанска мода, меѓу нив и Констанца Лојд – млада жена со слободен и забавен дух. Во круговите на „Естетикс“, на забава во галеријата Гросвенор, Констанца запознала книжевна ѕвезда во подем, критичар, поет и плејбој – Оскар Вајлд, кој е роден на денешен ден.

Благодарение на дарежливиот приход што го добивала од имотот на нејзиниот дедо, Констанца можела да си го дозволи луксузот да се омажи поради љубов и страст, без да се грижи за финансиската сигурност. Во есента 1880 година, дваесет и едногодишната Констанца му испратила писмо на својот брат во кое вели дека „бара нешто посебно од животот, бидејќи не сака нејзиното вечно сонување да стане нездраво“.

Во тој момент, таа не можела ни да претпостави колку ќе ја чини посебноста што ја барала.

Констанца Лојд / Фото: Pictorial Press Ltd / Alamy / Alamy / Profimedia

Навестување за конфликтот меѓу нејзините и етичките принципи на Вајлд се наоѓа во раната кореспонденција на младата двојка, каде Констанца ги критикува неговите ставови кон уметноста со зборовите: „Се плашам дека не се согласувам со твоето мислење за уметноста, која не може да биде совршена без совршен морал, додека ти тврдиш дека ова се различни и раздвојливи работи“.

Времето во кое живееле донело многу промени и напредок во човековите права, особено по усвојувањето на Законот за сопственост на мажените жени, усвоен во 1882 година, кој им дал право на Британките да располагаат и да тргуваат со својот имот, да позајмуваат во свое име и да иницираат судски случаи. Сепак, конзервативните островјани не биле подготвени за скандалот што наскоро ќе им го создаде Оскар Вајлд. Откако се омажила за Вајлд во 1884 година, Констанца навистина уживала во љубовта и вниманието што ги добивала од шармантниот поет кој умеел со зборовите. Нејзините писма сведочат за тоа.

„Како да одговорам на твоите писма, тие се премногу убави за зборовите што јас ги знам. За тебе можам само да сонувам цел ден… Да имаш волшебен кристал, нема да можеш да видиш ништо, верувај ми, туку твојата драга слика во него засекогаш. Во моите очи нема ништо друго освен љубов кон тебе“.

Оскар Вајлд / Фото: Fototeca Gilardi / akg-images / Profimedia

Веднаш по венчавката, двојката за две години добила два сина, Сирил и Вивијан, но среќната слика што била претставена во јавноста сѐ повеќе станувала слика на лична тага и незадоволство на двете страни. Во писмо до пријател, Вајлд се отворил за своите чувства, каде што е јасно дека не го гледа задоволувањето на неговите емоционални потреби во бракот со Констанца.

„Постојат романтични спомени и желба за романса – но само тоа. Нашите моменти на екстаза се обична сенка на она што некогаш го чувствувавме, или ќе го почувствуваме еден ден… Понекогаш ми се чини дека животот на еден уметник е долго и осамено самоубиство и жал ми е за тоа“.

Иако емотивно оддалечени, Оскар и Констанца успеале извесно време да ја одржат илузијата на хармоничен пар во високото лондонско општество. Таа станала општествено активна како најгласниот застапник на модните реформи и фигурирала како сопственик на модниот магазин на Оскар. Помалку наклонетите почитувачи на нејзината работа почнале да коментираат во лондонските кругови дека г-ѓа Вајлд никогаш не пропушта прилика да се вклучи во нешто што таа смета дека е доволно модерно, било да е тоа вистинска женственост или спиритуализам. Сепак, Оскар ѝ бил длабоко благодарен што не се мешала премногу во неговиот живот и му оставила простор да продолжи со своите емотивни талкања со други жени, а подоцна и со мажи.

Констанца со синот Сирил / Фото: Fototeca Gilardi / akg-images / Profimedia

Во неговата втората книга со бајки, тој напишал посвета за Констанца:

„Катедралата ти ја посветувам тебе. Малите капели до него се за други светци… Свеќите што горат на страна не се ниту поголеми ниту посветли од големата златна светилка на олтарот, која има неверојатно срце и вечен пламен“.

Драмските текстови, што ги полнеле лондонските театри, и забавниот карактер го направиле Оскар Вајлд омилен викторијански писател на чии мали испади се гледало благонаклонето. Цариниците ги поздравувал со „немам што да пријавам, освен мојата генијалност“, сограѓаните ги нарекувал „прекрасни идиоти и брилијантни лудаци“, по настапите ѝ се поклонувал на публиката со цигара во уста и претерувал во сите пороци.

Оскар Вајлд / Фото: Fototeca Gilardi / akg-images / Profimedia

Сепак, неговата изјава: „Сакам да ги вкусам сите плодови од светската градина!“ Лондон не можел да ја „проголта“. Таткото на два сина и угледен уметник предизвикал јавен скандал, влегувајќи во интимна врска со младиот лорд Алфред Даглас, жесток обожавател на неговиот роман „Сликата на Доријан Греј“.

Оваа врска отворила ново поглавје во животот на Оскар Вајлд, проткаено со перверзија и дружење со старите познаници на лорд Даглас – млади машки проститутки. Влијателната фамилија Даглас на секој начин се обидела да ја спречи оваа врска, за што го обвиниле славниот писател. Во 1895 година, поради неговото „монструозно однесување“, Вајлд бил осуден на две години принудна работа, а од страна на лондонската јавност – на доживотна неподобност. Неговите предвидувања од младоста, кога изјавил: „Апсолутно сум сигурен дека ќе бидам славен, или барем неславен“ буквално се оствариле.

Констанца ја напуштила земјата кога Оскар завршил во затвор и привремено се преселила во Швајцарија, менувајќи го своето и презимињата на нејзините синови во Холанд. Таа само еднаш го посетила во затвор, за да му ја пренесе веста за смртта на мајка му и да го натера да се откаже од сите родителски права над децата. Таа умрела во 1898 година, по операција на грбот, а погребана е во Монументалната гробница во Џенова, Италија.

Некои луѓе шират радост кај и да одат, додека другите шират само кога си одат: Животните мудрости на Оскар Вајлд!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот