Сцена од операта „Мадам Батерфлај“ во Националната опера и балет

Љубов, надеж и трагедија носи оперското дело „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини

На сцената на Националната опера и балет, на 13 март, со почеток во 19:30 часот, ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар.

Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина.

Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата ја потпишува Александар Текелиев (Бугарија). Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата ја изработи Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.

Во насловната улога – Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај) настапува Сандра Митровска, во улогата на Пинкертон – Зоран Сотиров, а во улогата на Шарплес – Педро Кариљо (Венецуела).

Во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Исмет Вејсели, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамдан и Васко Здравков, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

„Мадам Батерфлај“ е опера за безусловната љубов и за кревката надеж што опстојува и покрај разочарувањето. Пучини во ова дело маестрално ги спојува западните музички традиции со ориентални мотиви, создавајќи партитура исполнета со лирска нежност и драматичен набој. Неговата посветеност на силна и трогателна приказна се чувствува во секоја музичка линија, правејќи ја оваа опера една од најемотивните во оперската литература, известија од Националната опера и балет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот