Илустрација / Фото: Freepik

Љубљана добива музеј на балканскиот хумор

Љубљана добива музеј на балкански хумор, институција во која ќе бидат изложени околу четиристотини шеги, објави агенцијата „СТА“.

Со официјалното отворање, „Глупости – Музејот на балкански хумор“ ќе стане место каде тематски ќе бидат изложени шеги на различни теми во неколку простории, од храна и пијалаци до меѓучовечки односи, со еден агол посветен и на децата.

Шегите се презентирани на начин што е разбирлив за жителите на Балканот, но и за посетителите кои зборуваат англиски, германски и италијански јазик, пишува словенечката агенција.

Проектот со денови беше најавуван од мистериозни постери, за кој се шпекулираше во последните недели не само во Љубљана и Словенија, туку и во Загреб и Белград.

Ова е првиот музеј на балкански хумор во светот. Создаден е врз основа на „графити“ што иницијаторот Борут Кокељ почнал спонтано да ги собира во младоста, а денес ги има повеќе од 25 илјади.

Музејот, кој ќе биде отворен секој ден од неделата, е дизајниран така што неговата колекција може постојано да се менува и ажурира.

– Четиристотини вицови, пет јазици, пет соби, чаша ракија на влезот или излезот и нула сериозни теми – рекол Кокељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот