Балон - дрон, ново оружје на Украинците

Литванија го затвори аеродромот во Вилнус – мистериозни балони летаат на небото

Ова е шести ваков инцидент во текот на месецов. Властите во Литванија тврдат дека зад балоните стојат шверцери на цигари, а ја обвинија и Белорусија, односно нејзиниот претседател Александар Лукашенко, дека не презема мерки за да ја спречи оваа појава.

Аеродромот во Вилнус, главниот град на Литванија, денеска беше привремено затворен поради појава на метеоролошки балони во неговата близина, соопштија од аеродромот.

Според објавата на нивната официјална страница на Фејсбук, ограничувањето на воздушниот простор било воведено откако биле забележани балони кои се движеле во правец на аеродромот.

Ова е шести ваков инцидент во текот на месецов. Властите во Литванија тврдат дека зад балоните стојат шверцери на цигари, а ја обвинија и Белорусија, односно нејзиниот претседател Александар Лукашенко, дека не презема мерки за да ја спречи оваа појава.

Како одговор, Литванија веќе ги затвори повеќето гранични премини со Белорусија за патници до крајот на ноември, а најави и дека планира да ги урива балоните.

Во меѓувреме, Лукашенко во вторникот го обвини Западот дека води хибридна војна против Белорусија и Русија, пренесе Танјуг.

Балон од Белорусија привремено затвори аеродроми во Литванија

Литванија ја затвора границата со Белорусија до крајот на ноември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот