Кортни Кокс, Џенифер Анистон и Лиса Кудроу во серијата „Пријатели“ (Friends) / Фото: Profimedia

Лиса Кудроу искрено за легендарната „Пријатели“: „Никој не се грижеше за мене зад сцената“

Актерката Лиса Кудроу, која светската слава ја стекна со улогата на Фиби Буфе во култната серија „Пријатели“ (Friends), откри дека нејзиното искуство зад сцената не било толку идеално како што изгледало на екран.

Во интервју за „Индипендент“, Кудроу призна дека не се чувствувала прифатена од сите во индустријата.

„Никој не се грижеше за мене. Постоеше дел од мојата агенција за таленти кој едноставно ме нарекуваше ‘шестиот Пријател‘“, изјави таа.

Во серијата таа глумеше заедно со Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Леблан и покојниот Метју Пери.

Иако во 1998 година ја освои наградата Еми за најдобра споредна актерка во хумористична серија токму за улогата на Фиби, Кудроу вели дека многумина не верувале во нејзината долгорочна кариера.

„Немаше никаква визија за мене, ниту очекувања за тоа каква кариера би можела да имам. Само: ‘Има среќа што ја доби улогата во таа серија‘“, додаде актерката.

Таа неодамна се осврна и на својот лик, истакнувајќи дека Фиби значително се разликува од неа во приватниот живот.

„На почетокот Фиби беше многу, многу далеку од мене. Требаше многу труд за да ги оправдам работите што таа ги зборуваше и правеше. Но беше забавно. Со текот на десетте години, дел од неа влезе во мене. Се опуштив повеќе и почнав да читам книги за духовност, за да ја разберам“, изјави Кудроу за „Интервју“ магазин.

Актерката нагласи дека не се согласува со перцепцијата дека Фиби е „луда“ или „чудна“.

„Тогаш луѓето велеа: ‘Таа е толку чудна. Зошто играш само такви ликови?‘ А јас си помислив – дали навистина е чудна? За мене не беше“, рече таа.

Серијата „Пријатели“ се емитуваше од 1994 до 2004 година, во вкупно 10 сезони, и останува една од најпопуларните телевизиски продукции на сите времиња.

По овој култен ситком, Кудроу изгради успешна кариера, а моментално ја промовира третата и последна сезона на серијата „Враќањето“ (The Comeback).

ФОТО | Кортни Кокс доби ѕвезда на Патеката на славните, пријателките од „Friends“ ѝ дадоа поддршка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот