Лина Ѓорческа не обезбеди финале на турнирот во Порто
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го предаде полуфиналниот меч на ИТФ В50 турнирот во Порто, Португалија.
Препорачано
Ѓорческа се повлече во текот на вториот сет при водство на Фиона Кроули од САД од 1:0 во сетови и предност од 3:0 во гемови.
Нашата тенисерка многу добро го почна мечот и поведе со 3:0 во првиот сет, но Американката успеа да стигне до израмнување од 4:4, а потоа и од 5:5. Серијата на освоени гемови за Кроули продолжи и таа го доби првиот сет со 7:5.
Во следниот сет Кроули поведе со 3:0 во гемови, а Ѓорческа потоа донесе одлука да го предаде мечот.
И покрај поразот во денешното полуфинале Ѓорческа ја очекува скок на ВТА ранг-листата, а следен настап по двата ИТФ турнира во Порто, треба да го има во Франција.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


