Фатмир лимани Фото: Фејсбук Лимани

Лимани: Не правам партија

Прашан дали ова значи дека останува во Беса и во Вреди, Лимани вели дека за тоа ќе одлучи по состаноците кои се во тек.

Откако лидерот на Беса Билал Касами ги распушти партиските тела и прв го презеде чекорот кон обединување на Вреди во партија, ескалираа несогласувањата помеѓу него и сопартиецот и министер за социјална политика Фатмир Лимани. Ова, пак, предизвика поделби во Беса, па проструија информации дека Лимани ќе се отцепи и ќе формира своја партија што, пак, би ја ослабела позицијата на Касами во разговорите за Вреди. Сепак, и покрај недоразбирањата во Беса, Лимани за „Слободен печат“ негира дека ќе формира партија.

– Не е точно дека ќе формирам партија. Точно е дека не бранам партиски интереси, без разлика на цената што треба да се плаќа. Секој чекор ќе се одвива во интерес на сите што ни веруваат дека се бориме за доброто на народот и на оваа земја – ни изјави Лимани.

Прашан дали ова значи дека останува во Беса и во Вреди, Лимани вели дека за тоа ќе одлучи по состаноците кои се во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот