Ликвидација во Белград: Застрелан маж додека со сопругата го чекал детето пред училиште

Илустрација/Архива на Слободен печат

41-годишниот маж е убиен во класична заседа, и тоа додека во автомобилот бил со својата жена и дете.

Во мафијашка пресметка во белградската населба Бежаниска коса, денес во 18.30 часот е убиен 41-годишен маж, кој со повреди опасни по живот е пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите, пренесува српски „Курир“.

Жртвата е извесен Марко В. од црногорскиот град Котор, кој неодамна пристигнал во Србија од странство.

Според српскиот медиум, , 41-годишниот маж е убиен во класична заседа, и тоа додека во автомобилот бил со својата жена и дете.

Како што дознава „Курир“, мажот во својот автомобил со жената и детето, го чекал своето друго дете пред училиштетот кое се наоѓало во близина. Во тој момент, убиецот му пристапил одзади, стигнал до возачката врата и му пукал во главата.

Застреланиот со години работел како морнар на прекуокеански бродови. Според сознанијата на српски „Курир“, кои се повикуваат на оперативни информации на полицијата, убиениот бил вклучен во шверц на наркотици од Јужна Америка кон Европа.

Увидот на полицијата е во тек, а во следниот период се очекуваат дополнителни информации за настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот