Лидерот на американска десничарска група запали знаме на „Црните животи се важни“, осуден на шест месеци затвор

Американскиот десничар од „Горди момци“, Енрике Тарио/ Фото EPA-EFE/MARIO CRUZ

Лидерот на екстремно десничарската група „Горди момчиња” е осуден на шест месеци затвор поради палење на украденото знаме на движењето „Црните животи се важни” во декември минатата година, пренесува Си-Ен-Ен.

Енрике Тарио (37) се изјасни дека е виновен за палење на знамето и обид да поседува апарат за вметнување муниција од голем калибар.

Појавувајќи се вчера на суд преку видео врска, Тарио се извини и рече дека „нема оправдување” за неговите постапки. Тој ќе замине в затвор на 6 септември за да ја започне казната од 155 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот