Лидерите на „Европски сојуз за промени“ и Таравари на средба со Курти во Приштина

Фото: Фејсбук, Биљал Касами

Лидерите на Европскиот сојуз за промени (ЕСП), Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши и претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, синоќа во Приштина имале средба со косовскиот премиер Албин Курти.

-Во многу пријателско опкружување, разговаравме за политичките случувања во нашите земји, за соработката што ќе придонесе за унапредување на положбата на Албанците во Северна Македонија, економскиот развој на двете земји и факторизацијата на Албанците во регионот. Сите заедно ни претстои голема работа и обврски, објави Касами за средбата на неговиот фејсбук профил.

Според соопштението што го објави Владата на Косово, на средбата се разговарало за позицијата на идниот претседател на Македонија. Лидерите од ЕСП предложиле следниот претседател на оваа земја да биде од редовите на Албанците, „кој го олицетворува соживотот меѓу етничките групи и го гарантира европскиот пат на Македонија“.

Oбјавена е и фотографија од средбата на која се наоѓаат лидерите на ЕСП и Таравари со Курти, а присутен е и претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњувца.

-Доаѓа. Доаѓа. Големата промена доаѓа, пишува на објавената фотографија.

Лидерот на Демократското движење, Меџити, за Клан Косова изјави дека посетата е на поканата на косовскиот премиер, Албин Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот