Лицето кажува многу за вас – што значи обликот на веѓите, усните или очите?

женско лице
Женско лице/AutumnGoodman/Unsplash

Врз основа на обликот на лицето, веѓите или усните, може да се откријат многу карактерни особини, од тоа дали е личноста непосредна, отворена или не, дали има смисла за хумор, дали има самодоверба и дали може да ѝ се верува.

Облик на веѓите

Се смета дека личностите со широки и густи веѓи сакаат да бидат доминантни, често се гласни, а оние со тенки веѓи се флексибилни и имаат поедноставен карактер.

(што ако некој ги чупа веѓите, како ќе препознаеме каков е? – мала шега!)

Ако лицето има исклучително тенки или невидливи веѓи тоа значи дека нема многу силна самодоверба и му треба време за да стекне доверба.

Облик на усните

Се верува дека личностите со полни усни тежнеат кон дознавање тајни, дрдорливи се и несвесни озборувачи, додека пак личностите со потенки усни се изразито доверливи.

Исто така, колку е поголема одалеченоста меѓу носот и устата, личноста има подобра смисла за хумор, а помалата одалеченост меѓу носот и устата укажува на личност која лесно се навредува и не поднесува шеги на сопствена сметка.

Облик на очите

Реченицата „очите се огледало на душата“ не е кажана тукутака. Навистина има нешто во оваа мудрост.
Крупните очи симболизираат отвореност, особено кога личноста со такви очи гласно се смее. Овие личности најчесто имаат и силни емоции, сакаат да бидат во центар на вниманието и се импулсивни. За разлика од нив, луѓето со ситни, малечки очи се верува дека се интровертни, срамежливи типови кои не сакаат многу внимание.

Облик на лицето

Издолжено лице без премногу изразени црти укажува на линост која е склона на долги анализи на нештата. Овие луѓе се често неодлучни, тешко влегуваат во ризик и не се секогаш најсигурни во себе.

За разлика од нив, луѓето со крупно, округло лице и мимики кои оддаваат различни емоции, имаат доста самодоверба, комуникативни се и постигнуваат она што го сакаат без проблем.

Па, кое лице сте вие?

Извор: „Магазин Новости“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот