Лиам Хемсворт на чекор до веридба со Габриела: Тој е подготвен повторно да биде сопруг, ја преболи Мајли Сајрус

Instagram

Актерот Лиам Хемсворт ужива во љубовта со својата партнерка Габриела Брукс, а веќе има шпекулации дека тој е „подготвен да биде сопруг“ по краткотрајниот брак со Мајли Сајрус…

Имено извор близок до парот за „Us Weekly“ открил некои интересни детали за врската на 31-годишниот актер и неговата 22-годишна избраничка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eto’ e un patio (@etoeunpatio)

Лиам и Габриела стануваат сериозни. Тие сакаат да се експонираат во јавноста, но нивните пријатели и семејство со сигурност знаат колку се блиски и дека може да се очекува свршувачка во секој момент“, вели изворот за „Us Weekly“, додавајќи дека 31-годишниот актер „поминал многу низ раскинувањето“ со Сајрус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Hemsworth (@liamhemsworth)

Лиам се огледува на своите браќа и би сакал еден ден да има долготраен брак со својата партнерка. Тој е подготвен да биде сопруг – само сака да биде сигурен во својата врска со Габриела пред да ја запроси!“, додава изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriella Brooks (@gabriella_brooks)

Хемсворт го поврзуваа Габриела Брукс, уште во декември 2019 година, неколку месеци откако тој и Сајрус официјално се разделија на осум месеци од бракот. Поранешните сопружници, кои го финализираа разводот во јануари 2020 година, се венчаа во декември 2018 година, откако се забавуваа речиси цела деценија.

Profimedia
Profimedia

Изворот додава дека на актерот му се допаѓа што Брукс не сака да биде во центарот на вниманието, нешто со што се бореше за време на неговата романса со пејачката Мајли Сајрус.

Таа не копнее по внимание и е многу приземна. Ја почитува својата приватност исто како и Лиам“, вели изворот додавајќи дека тие ја поддржуваат меѓусебната кариера и се адаптираат кога треба да патуваат поради работните обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот