Левица повикува: Протестите за одбрана на македонскиот идентитет продолжуваат секој ден во седум

Апасиев на протестите/Фото: Твитер

Левица денес излегува веќе четврти ден на протести, борејќи се против негаторската европска и пробугарска политика кон македонскиот идентитет. Револтот од нивниот игнорантскиот однос кон македонскиот народ сѐ повеќе расте! Народот врие и тоа го покажа вчерашниот протест, со пробивање на оградата пред Владата, сѐ до самата порта на влезот. Народот сака да биде ислушан и послушан, бидејќи се работи за Македонија!, соопшти Левица.

Партијата нагласува дека денешната изјава од Владата дека дека „нема да брзаат со усвојување на документот”, бидејќи консултациите сѐ уште траат и не се исцрпени е директен резултат на „автентичниот народен Отпор на улиците, секојдневно изминативе денови“.

-Но Отпорот мора да продолжи, не смее да го дозволиме обезличувањето на македонскиот идентитет и јазик! Овие се нашите денови. Ова е товарот на нашата генерација. Ова е аманетот на нашите предци!, порачува Левица.

Тие апелираат да граѓаните за поголема масовност на протестите.

-Дојдете и денес, дојдете заедно да го издржиме товарот кој Историјата одбрала ние да го носиме, а потоа гордо да се кренеме, да ја исправиме главата горе и порачаме: НИЕ ДРУГА ТАТКОВИНА НЕМАМЕ! Драги сограѓани, Ние заедно ја пишуваме историјата. Дали ќе нѐ паметат како херои на нашето време или предавници кои ги предале коските на славните илинденци и асномци, од нас зависи! Нема повеќе оправдувања! Во 19:00 часот повторно се гледаме пред Влада – па до Министерството на Бујар Османи!, порачуваат од Левица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот